МАКЕДОНИЈА

Партиски реакции за убиствата

Бројни реакции во јавноста за двете убиства кои ја шокираа земјава. Политичките партии излегоа со осуда и побараа одговорност. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази сочувство и упати критики до институциите.

Advertisements

Од Беса коментираат дека убиствата покажуваат оти граѓаните се сосема несигурни. Според оваа партија, дојдено е време граѓаните безбедноста за себе и своите семејства да ја земат во свои раце.

„Ова ја истакнува вистината дека Северна Македонија се претворила во поле на криминал и гнездо за криминалци кои изнудуваат, ограбуваат и убиваат граѓани и ги збогатуваат владетелите. Само во последните неколку месеци имавме неколку престрелки и ранети на јавни места и трговски центри, дрогата кружи во секој локал и во средните училишта, а се зголемува бројот на криминалци. Но, казна и одговорност за нив не постои“, рекоа од Беса.

Од Алијанса за Албанците велат дека сторителите треба што поскоро да се изведат пред лицето на правдата и да добијат максимална казна.

„Она што го слушнавме синоќа беше навистина сериозна вест за сите, се надевам дека институциите работат и вмешаните во овој случај ќе бидат казнети што е можно поскоро“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.

Од партиите нагласија дека вмешаните во убиствата имаат име и презиме и оти вакви настани не смее да се толерираат.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button