ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 7, а максималните од 4 до 11 Целзиусови степени
Во Скопје нѐ очекува облачно време, претпладне проследено со врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 3 степени, а максималната 8 Целзиусови степени.
Облачното време со повремени врнежи од дожд ќе продолжи и утре. Поради спуштање на постудена воздушна маса во текот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северозападен правец.