СПОРТФУДБАЛ

Ниеден од четвртфиналистите, не го освоил пехарот во 21. век

Од синоќа, познати се сите учесници во четвртфиналето и во очи паѓа тоа што од осумте преостанати екипи, само три се од елитната германска фудбалска дивизија: Баер Леверкузен, Штутгарт и Борусија Менхенгладбах. Херта, Кајзерслаутерн, Санкт Паули и Фортуна се од Втората лига, а Сарбрикен е третолигаш.

Advertisements

Вакво нешто последен пат се случило во сезоната 2003/04 кога во четвртфиналето учествувале Баерн, Борусија Менхенгладбах и Вердер, а титулата ја освои тимот од Бремен со триумфот од 3-2 над Алеманија Ахен во финалето.

Втор куриозитет е тоа што ниеден од преостанатите осум екипи во четвртфиналето на Купот не го освоил пехарот во 21. век. Последен кому тоа му успеало е Штутгарт во 1997 година. До оваа фаза не стигна ни Лајпциг кој претходните две сезони ја освојуваше титулата во Купот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button