Младите од Демократското движење со критики до МОН
Младите од Демократското движење со критики до МОН

По бројните реакции во јавноста, особено на студентите и опозицијата, Министерството за образование го ревидираше Законот за субвенционирање на студентскиот оброк. Но, младите од Демократското движење оценија дека министерството и понатаму ги потценува студентите. Промената ја гледаат само како чин на притисок од јавноста и додаваат дека ваквите погрешни политики се при крај, а најсилниот удар на изборите во мај ќе го добијат од младите.
„Оваа промена ја гледаме само како акција под притисок на јавноста, што значи постапка само колку да се каже, а во реалноста стратегијата на целосно непочитување на најпогодените категории ја продолжува министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во овој случај, но и Владата воопшто. Студентите се најважната категорија во општеството од која зависи иднината на нацијата. А, вие, корумпираните властодршци, нив ги третирате со презир, не им давате ни учебници, а не пак, работни места или животен стандард. Ние, младите од Демократското движење, нема да молчиме. Повторуваме дека нашето барање е 300 денари за оброк дневно или 6.000 денари месечно, поголеми вложувања во образованието со цел да се создадат вистински услови за сите, а не министрите да имаат 3.000 евра месечни плати со зголемување од 78 проценти, а за учениците и студентите само милостина“, изјави Арбнор Малиќи, Млади од Демократското движење. /Алсат.мк