СПОРТФУДБАЛ

Анчелоти му дава предност на Кепа Аризабалага пред Лунин

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потврди дека Кепа Аризабалага ќе биде стартен голман против Унион Берлин на последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.

Advertisements

Иако беше најавено дека Кепа ќе се врати на терените веднаш штом ќе биде целосно подготвен, сепак Андриј Лунин кој бранеше одлично на последните средби беше фаворит за голманското место на денешниот дуел.

„Фер или нефер е нешто за што не размислувам. Лунин имаше можност и покажа дека е сигурен голман. Но, мораме да земеме предвид дека и Кепа се претстави многу добро на натпреварите што ги имаше претходно. Ние сме многу среќни да го имаме него повторно назад во тимот”, вели Анчелоти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button