СПОРТФУДБАЛ

Тухел со Хари Кејн оди на победа против Манчестер Јунајтед

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, разговараше со медиумите во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Германскиот стратег е свесен дека на „ѓаволите“ им е потребна победа за евентуален пласман во осминафиналето, но вели дека Баварците максимално мотивирани ќе допатуваат во Манчестер и го најави Хари Кејн во почетниот состав.

Advertisements

„Имаме тежок предизвик, Манчестер Јунајтед е секогаш силен тим. Тие со евентуална победа би можеле да минат во следната фаза, но и ние ќе дадеме сѐ од себе за да се претставиме во добро светло.  Нашето учество во осминафиналето е загарантирано, но тоа не значи дека нема да одиме на победа на „Олд Трафорд“. Хари Кејн е максимално мотивиран за овој дуел и мислам дека ќе започне од првата минута. Сега е во најзрелите години и само небото е граница за него“, изјави Тухел.

Баерн Минхен има 13 бода во групата А и е сигурно првопласиран, но ќе се води голема битка за второто место кое моментално му припаѓа на Копенхаген. Данците имаат пет бода, исто колку и третопласираниот Галатасарај, додека Манчестер Јунајтед е последен со еден бод помалку. Со евентуален триумф, „ѓаволите“ ќе имаат можност за пласман понатаму, но во голема мера ќе зависат и од резултатот на мечот меѓу Копенхаген и Галатасарај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button