Собраниската комисија за избори и именувања, во обид да го елиминира кандидатот на албанската опозиција за член на ДИК

Комисијата за избори и именувања во Собранието се обиде да го елиминира кандидатот предложен од Движењето Беса, за место во Државната изборна комисија. Образложението, на претседателката на комисијата, Марија Георгиева, беше дека Абдуш Демири е генерален секретар на партијата и нема право да се кандидира. Пратеникот Фадил Зендели, ги обелодени документите кои го докажуваат спротивното од она што го тврди Георгиева. Според Зендели, Демири ги исполнува сите услови, додека генералниот секретар на партијата не е партиски орган како што законот спречува: кандидатот да не е член на партиски орган.
„Кандидатот на Движењето Беса, Абдуш Демири ги исполнува сите законски услови, ја поседува комплетната документација согласно Изборниот законик кој јасно ги предвидува условите кои треба да ги исполнат кандидатите. На скандалозен начин, спротивно на законот и уставноста на претседателката на комисијата, се оди кон дисквалификување на кандидатурата на Демири“, вели Зендели.
Зендели вели дека комисијата ги оспорува и нотарски заверените изјави, со цел да манипулира со веќе утврдениот изборен процес за 8 мај следната година.
„Постојат правни процедури како се оспорува изјавата, но претседателот на комисијата не може да го стори тоа“, додава Зендели.
Седницата на комисијата беше одложена, а на пратениците им беше кажано дека истата ќе продолжи и по пленарната седница. Неофицијално и мисијата на ОБСЕ била информирана за настанот.
Адриан Керими