ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оценувачката мисија за работата на Судскиот совет директно го обвини советот за катастрофалната состојба во судството

Оценувачката мисија за работата на Судскиот совет директно го обвини советот за катастрофалната состојба во судството. Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, вели дека експертите заклучиле дека предизвиците настанале како резултат на проблемите акумулирани со години за кои Советот немал сила да најде соодветни решенија, а тоа очигледно ја поткопало довербата во правосудниот систем.

Advertisements

„Мисијата утврди дека предизвиците со кои се соочува советот се резултат на проблемите наталожени низ годините како резултат на нивното навремено и систематско нерешавање. Меѓу проблемите се и недостигот на адекватна имплементација на законските прописи и непочитувањето на добрите практики. Овие недостатоци, имајќи ја предвид централноста и важноста на Судскиот совет во судскиот систем се проширија исто така и низ самото судство, оневозможувајќи го да ги заврши своите задачи да може да работи како другите гранки од власта и тоа значи дека се намалува целосно и јавната доверба во системот“, рече Гир.

Иако извештајот е класифициран, претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев вели дека извештајот ќе се разгледува на јавна седница.

Коалицијата „Сите за правично судење“ оценува дека од постигнатите препораки, 17 се однесуваат на интегритетот на членовите за кои не се потребни законски измени, туку храброст, отчетност и транспарентност.

Во извештајот на евалуациската мисија на ЕУ, предводена од поранешниот врховен судија, Бранко Хрват, се оценува дека меѓу промените што треба да ги има Судскиот совет е неговиот формат, вклучително и нивниот мандат регулиран со Устав. Експертите упатија и остри критики за недоволната транспарентност и недостигот на комуникација со судиите, граѓанскиот сектор и медиумите.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button