До крајот на месецов се очекува до Собранието да бидат доставени законитe за регулирање на платите на функционерите

До крајот на идната недела се очекува работната група да достави предлог до Владата, за тоа како да се намалат платите на функционерите, кои во изминатите девет месеци добиваат огромно зголемување од 78%. Според надлежните, предлогот ќе биде разгледан на владина седница во последната недела од декември, за да добие зелено светло за Собранието. Во собраниска процедура со 61 глас, треба да се изменат 7 закони, кои ги регулираат платите на 1.260 државни функционери, но за тоа нема консензус, рече Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот за економски прашања, истакна дека гарантира намалување само на својата плата, бидејќи има функционери кои категорично се противат на намалувањето на платите.
Во новиот предлог-буџет за 2024 година не се предвидени средства за повисоки плати на функционерите во март. Избраните функционери за да се откажат од евентуалното зголемување на платите за 10 отсто, во март донеле одлука на Влада но синдикалците стравуваат велат мерката ќе ги погоди и сите вработени во јавниот сектор.
„Со новата методологија, промената на усогласувањето на платите во јавниот сектор не само што нема да овозможи нов раст на платите на функционерите во март, туку ќе оневозможи и усогласување на платите на сите останати вработени во јавниот сектор, кои со колективниот договор треба да имаат линеарно зголемување“, велат од синдикатот на УПОЗ.
Укинувањето на еден член од страна на Уставниот суд, овозможи функционерите да добијат зголемување од 78%. Во меѓувреме, Уставниот суд беше тој што ја суспендираше одлуката на Министерството за финансии за да ги зголеми платите на своите вработени за 30 отсто.. Се очекува на оваа одлука повторно да даде мислење собранието.
Аднан Ќаили