Судир на Касами и Костадиновска за библиотеката во Тетово

Првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, разрешувањето на директорката на тетовската библиотека, која одби да ја спроведе одлуката за префрлање на оваа институција на други простории, го нарекува политички реваншизам.
„Тоа е чисто политичка работа. И во овој случај Министерството за култура им нанесува штета на граѓаните на Тетово. Тие не видоа засходно да ги прошират просториите на библиотеката туку ја префрлија во друг помалку соодветен простор. Во оваа прилика на граѓаните на Тетово им гарантирам дека кога библиотеката ќе стане општинска институција ќе обезбедиме доволно простор“, рече Касами.
Од друга страна, министерката за култура тврди дека тетовската библиотека добила поголеми простории и подобри услови.
Новиот објект за библиотеката треба да биде готов за 4 години.
Башким Сулејмани