ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжи бојкотот на наставата на учениците Македонци од ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка

Бојкотот на наставата на родителите на учениците Македонци во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка денеска продолжи.

Advertisements

Протестите се одржаа пред училишниот двор со повторно барање укинување на албанската паралела за прво одделение и враќање на надлежностите за образование на општина Чашка. Вчера токму на овие протести беше вербално нападната а имаше и обиди за физички напад на директорката на училиштето Елена Николова.

Во врска со нападот врз директорката, МВР рече дека од страна на СВР Велес се преземаат соодветни мерки и активности за расветлување на случајот. Протестот во Чашка почна на 23 ноември поради одлуката да се отвори паралелата на албански јазик за прво одделение.

Според советот на родители, паралелата е отворена без почитување на законските процедури и без одобрение од советот. Министерството за образование веќе неколку пати повтори дека албанската паралелка ги спроведе сите соодветни законски процедури. Во основното училиште во Чашка околу 70 ученици Албанци  учат на македонски јазик од прво до 9 одделение, поради немање на настава на албански јазик.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button