
Англиските медиуми често ги користат услугите на Суперкомпјутер за да одредат победник во некое натпреварување, па така беше сега за Лигата на шампиони (ЛШ) и тој најмногу шанси му даде на Арсенал.
Суперкомпјутерот со собраните податоци од групната фаза на ЛШ пресмета дека „топчиите“ имаат најголеми шанси за освојување на пехарот, а зад нив е Манчестер Сити.
Добри шанси за титулата имаат и Баерн Минхен и Реал Мадрид, додека речиси никакви шанси не им се даваат на Копенхаген, ПСВ, Лајпциг, Реал Сосиедад, Лацио и Порто.