ВЕСТИСВЕТ

Втор ден од Самитот на ЕУ во Брисел

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска го продолжуваат дводневниот Самит на Унијата, во чии рамки вчера донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија, и доделија кандидатски статус на Грузија и решија за Босна и Херцеговина да остане условената препорака за почеток на пристапните преговори.

Advertisements

Овие одлуки беа донесени како дел од дебатата за проширувањето на ЕУ, во чии рамки беа усвоени и Заклучоците за процесот во кои се посочува дека Европската Унија е подготвена да ја комплетира фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом земјата ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во одлуките на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година.

Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза завршувањето на овие измени“, се наведува во документот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button