ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Судир во метро во Пекинг, повредени над 500 лица

Над 500 лица се повредени во синоќешната несреќа во метро во Пекинг, која, според Пекиншката општинска комисија за транспорт, била предизвикана од ненадејно сопирање и лизгави шини поради снег.

Advertisements

„Лизгавите шини предизвикаа проблем со сигналот поради што првиот воз нагло закочи, а оној зад него не сопре навреме“, соопшти Комисијата.

По несреќата во болница се пренесени вкупно 515 лица, а 102 се здобиле со скршеници.

Во несреќата, според информациите што ги пренесува „Чајна дејли“, нема жртви, а утринава од болница биле отпуштени 423 лица, 25 лица се на опсервација, а 67 лица се задржани на лекување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button