ВЕСТИЗДРАВСТВО

Меџити демантира дека лекот „трикафта” поскапел, најавува брзо проширување на позитивната листа

Министерот за здравство Фатмир Меџити ги негираше информациите дека лекот „трикафта“ е поскапен и посочи дека интензивно се работи на позитивната листа на лекови.

Advertisements

„Следната недела „Трикафта“ пристигнува и ќе биде доделена на пациентите. Дванаесет пациенти веќе примаат терапија, а други пациенти ќе бидат вклучени во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на Детска клиника“, информираше тој.

На новинарско прашање до каде се активностите околу позитивната листа на лекови, тој рече дека интензивно се работи на тоа, апликациите се разгледани и голем дел од лековите ќе бидат ставени на листата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button