Земјоделска трговија – купуваат багатела, препродаваат трипати поскапо

Пиперките се најодгледуваниот зеленчук во земјава. Производителите велат дека имаат големи трошоци, а трговците кои ги откупуваат од нив по 30 денари за килограм, ги продаваат за 100 денари на пазарот.
Сепак, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, тврди дека ниту еден земјоделец не се жали на цените за откуп на големо од страна на трговците. Тој дури посочува дека извозот им бил зголемен за 30 отсто.
Иако министерот Николовски вели дека не слушнал некој да се жали, земјоделците укажуваат на ниските откупни цени на нивните производи. Тие дури и отворено стравувата за својата егзистенција.
Веско е земјоделец од Општина Могила. Се занимава со одгледување на пченица, пченка и сончоглед, но воопшто не е задоволен од откупната цена на големо.
Министерството за земјоделство преку мерки за развој на агробизнисот денеска додели грантови за кофинансирање до 10 илјади евра за локални земјоделци кои аплицирале за зголемување на нивната продуктивност преку земјоделска опрема и други механизми. Годинава се потпишани 206 договори низ целата држава. Во моментов во Македонија има регистрирано околу 8.000 земјоделци.
Аднан Ќаили