ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: МВР не презема мерки за сообраќајниот хаос во Тетово

Првиот човек на општина Тетово, Биљал Касами го обвини Секторот за внатрешни работи за хаосот во сообраќајот и паркираните автомобили на забранети места. Касами вели дека не се преземаат мерки ниту за возилата за истовар на стока. Тој побара од тетовската полиција да одговори на барањата на општината за соработка.

Advertisements

„Она што секојдневно го живееме во Тетово со блокирани патишта и тротоари, денес на дело го гледаме и како е блокиран сообраќајот, додека полиција никаде не гледаме. Она што е најпроблематично во целата оваа ситуација е што дури и официјалните паркинзи со кои стопанисува општината се блокирани за да не можат да ги користат граѓаните. Блокирани се и станиците за јавен превоз, а во најголем дел автобусите застануваат на улица за да остават и земаат граѓани. Тоа се случува и на местата каде што е отпадот бидејќи е блокиран од граѓани, па камионите на претпријатието не можат да си ја вршат работата како што треба“, рече Касами.

Веднаш реагираа од Секторот за внатрешни работи во Тетово, отфрлајќи ги тврдењата на Касами. Според полицијата, изречени се илјадници казни.

„Во изминатите 11 месеци од годинава од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово се изречени вкупно 5.148 мерки за непрописно или неправилно паркирање во Тетово. Најголем број изречени мерки се однесуваат на паркирање во таканаречените „двојни редови“ на просторот кај крстосниците, тротоарите и други илегални места, главно во централните делови на градот. Покрај овие, во истиот период пајак службата на општина Тетово подигна и отстрани вкупно 3.767 погрешно паркирани возила што директно го попречувале нормалното и безбедното движење на другите учесници во сообраќајот, возила, пешаци итн.“, велат од СВР Тетово.

Во Тетово метежот поради немање доволно паркинг местата се случува во текот на целата година, а најизразен е при доаѓањето на печалбарите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button