ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски ќе договара Пржинска влада „со анти-ЕУ, анти-НАТО и проруска опозиција“

Сè уште не е јасно кога и како ќе се одржи следната лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Средбата пред еден ден ја најави премиерот, но од опозициската партија денеска ниту ја потврдија, ниту ја отфрлија можноста за нејзино одржување. Ковачевски рече дека на оваа средба, која според него ќе се одржи наскоро, треба да се зборува за Пржинската техничка влада која ја нарече законска обврска за сите страни.

Advertisements

Но, од најголемата опозициска партија велат дека има време да се одлучи за нивното евентуално учество во техничката влада, која мандатот ќе треба да го започне од 28 јануари. Нивната главна замерка е што оваа влада се планира да ја води кадар избран од ДУИ, во конкретниот случај Талат Џафери.

Во техничката влада, на опозициската партија со најмногу пратеници ѝ следуваат функциите министер за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика и дополнителни заменици-министри за финансии, земјоделство и администрација. Тие велат дека сериозно размислуваат за учеството во техничката влада поради наводни обиди на власта да манипулира со целиот изборен процес, особено преку членот на ДИК кој ѝ припаѓа на опозицијата, а кој сè уште не е избран.

Празното место на членот во ДИК ѝ припаѓа на албанската опозиција и ВМРО се согласува да го поддржи кандидатот што ќе го изберат од листата со пет имиња. Сепак, за да биде избран, потребен е поширок консензус и 80 гласа во Собранието.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button