ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиите се обвинуваат меѓусебно за блокадата кон ЕУ

Граѓаните на избори ќе ја осудат антиевропската коалиција, велат од СДСМ, обвинувајќи ги ВМРО-ДПМНЕ и Левица како главна причина поради која земјава била блокирана на евроинтегративниот пат.

Advertisements

СДС се толку исклучени од реалноста што не разбираат дека глупостите од видот „ВМРО е виновна што нема почеток на преговори“, никој веќе не ги прифаќа како аргумент, реплицираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да трошат време на прес-конференции нека го повикаат Олаф Шолц, канцеларот на Германија и пријател на Македонија, а кој истовремено е претседател на сестринска партија на СДС, како што го убедил Орбан да го напушти состанокот за да ја протнат Украина, така да направи и со Бугарија за нас. Ако тоа не се случи јасно е дека Бугарија не е единствена причина за блокадата на ЕУ интеграциите, туку криминалот и глупостите на власта, а големите членки на ЕУ тоа го кријат зад Бугарија“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на Европската унија, ден претходно на самитот кој можеше да биде одлучувачки за земјава доколку се исполнеа условите, ги одобри заклучоците во кои побара да се спроведат реформи во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јавната администрација, но и да се почитуваат договорите со Грција и Бугарија.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button