
Македонија ЃП имаше очајна есен и се наоѓа во опасната зона на табелата во првиот дел од првенството во Првата лига. Раководството на клубот очигледно ќе реновира дел од тимот, а извести дека од Ѓорче Петров заминуваат четворица фудбалери. Тоа се Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски.
“Ја информираме јавноста дека Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски повеќе не се дел од ФК Македонија Ѓорче Петров.
Им се заблагодаруме за нивниот придонес и ангажман во освојување на двете куп титули, ѝ им посакуваме среќа во понатомошните кариери,” стои во соопштението од Македонија Ѓорче Петров.