Печалбарите во Тетово го раздвижија стопанството и го блокираа сообраќајот

Тетово последниве денови доби поинаков изглед. Освен украсувањето и полнењето на дуќаните, поинаков изглед на градот даваат и печалбарите. Занаетчиите велат дека бизнисите почнале да чувствуваат позитивна инјекција од нивното доаѓање. Цените, велат занаетчиите, сезонава не се зголемени.
„Веднаш се гледа разликата откако дојдоа печалбарите, тоа има позитивно влијание. Ќе биде добра инјекција за бизнисот во Тетово. Имаме и од оние кои работеле на море и кои се дојдени, како и печалбари од Европа, така што, ќе биде добра инфузија за Тетово“, вели Менсур Арифи, претседател на Здружението на занаетчии на Чаршијата на Тетово.
Но, жителите велат дека цените за нив се недостапни.
„Точно е дека со доаѓањето на печалбарите трговците имаат профит, но и ги покачуваат цените за да го надоместат она што го имале во текот на годината, но нам овде ни е тешко. Сепак, веднаш се гледа голема активност во продавниците, градовите и така натаму. Добредојдени се печалбарите, но ние ќе продолжиме како досега…“
„Секако, цените се високи, но иселениците имаат пари и купуваат, а за нас кои сме тука само чекаме да дојдат за да им се израдуваме, друго нема“, велат тетовчани.
Единствен проблем на зима со доаѓање на иселениците е фреквентниот сообраќај.
Во меѓувреме, од општината се очекува по пуштањето на учениците на одмор да се ослободат и дворовите и училиштата кои ќе служат како дополнителен паркинг за автомобилите при доаѓањето на иселениците.
Башким Сулејмани