ВМРО и СДСМ и денеска го бараа виновникот за ЕУ блокадата

Не Бугарија, туку корупцијата е вистинската пречка зошто земјава не ги отвори преговарачките поглавја за членство во ЕУ ниту на минатонеделниот европски самит. Вака оценува ВМРО-ДПМНЕ, според која, доколку земјите членки на ЕУ верувале дека Македонија е во согласност со европските вредности, можеле да најдат начин да ја убедат Бугарија.
Но, според СДСМ, единствена пречка се уставните измени кои ги блокираат ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Советот на Европската унија завчера на самитот кој можеше да биде одлучувачки за земјава доколку се исполнеа условите, ги одобри заклучоците во кои побара да се спроведат реформи во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јавната администрација, но и да се почитуваат договорите со Грција и Бугарија.
Фатлуме Дервиши