Јетон Шаќири ветуваше учебници цело полугодие, учениците уште чекаат

Многу ученици од Охрид, како и нивните врсници од цела Македонија, првото полугодие го зваршуваат без многу учебници и покрај постојаните тврдења на министерот за образование, дека учебниците се пристигнати до училиштата.
„Учебници ни фалат за сите одделенија.Во помалите по новата програма.Наставниците се снаоѓаат кој како може, но тоа не е добро, најмногу за малите одделенија, каде децата мора да користат учебници. Учебниците се потребни и во предметна настава по новите програми и старите учебници кои долги години се користат не се обновени,а нема учебниците од каде да ги набават и се снаоѓаат секој на свој начин“, вели Марина Ѓоргоска-директорка на ОУ Христо Узунов.
„Учениците од прво одделение се целосни покриени,за второ и трето, додека четврто и петто се делумно.Од старите учебници, оние кои се по стариот образовен систем ретко се дополнуваат учебниците. Тие стари учебници користат. За шестто се стигнати само природни науки, математика и македонски, а по другите предмети немаме“, рече Лилјана Ефтимовска-директорка на ОУ Григор Прличев.
Наставниците велат дека поради немањето учебници, опаѓа и квалитетот на образовниот процес. Тие мора да им ги диктираат лекциите на учениците, што пак одзема дополнително време од часот.
„Наставниците не можат да бараат од учениците поголеми знаења, со тоа само што им го предале. Колку ќе запишат во тетратка“, додава Марина Ѓоргоска директорка на ОУ Христо Узунов.
Министерот по образование Шаќири најпрво уверуваше дека учебнции ќе има на стартот на учебната година, потоа до крајот на септемеври, но ветувањето не е исполнето ниту до крајот на првото полугодие.
Мики Трајковски