СВЕТ

Северна Кореја изврши ново тестирање на балистичка ракета

Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета во морето и продолжи со ракетни тестови од висок профил, ветувајќи силен одговор на потезите на Соединетите Држави и Јужна Кореја за зајакнување на плановите за нуклеарно одвраќање, соопшти војската на Јужна Кореја.

Advertisements

Официјален Сеул остро ја осуди „непромислената провокација на Северна Кореја“, додавајќи дека Пјонгјанг ќе биде одговорен за можните последици.

Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво, соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претседател, повикувајќи го официјален Вашингтон да ги зајакне заедничките планови за нуклеарно одвраќање.

Јужнокорејската војска соопшти дека севернокорејската ракета прелетала околу 1.000 километри пред да слета во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија. Се наведува дека севернокорејската ракета била лансирана под подигнат агол во очигледен обид да се избегнат соседните земји, со оценка дека станува збор за „тешка провокација“ што го загрозува меѓународниот мир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button