ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Автомобил удрил во паркирано возило од конвојот на Џо Бајден

Автомобил удрил во паркирано теренско возило кое било дел од колоната на претседателот Џо Бајден. Инцидентот се случил во неделата вечерта додека Бајден одел од предизборната канцеларија до неговото блиндирано теренско возило, кога автомобилот удрил во возило на тајната служба што се користело за затворање на сообраќајните крстосници во близина на седиштето во Вилмингтон, Делавер, пренесува Скај њуз.

Advertisements

Автомобилот потоа се обидел да продолжи да се движи по затворената раскрсница, пред тајната служба да го опколи возилото и да го уапси возачот.
Кога се случил инцидентот, според пишувањата на странските медиуми, Бајден застанал и погледнал изненадено кон звукот пред да биде внесен во возило во кое веќе седела неговата сопруга. Тие брзо биле однесени во домот.

Тајната служба сè уште нема коментар за инцидентот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button