
Кике Санчез Флорез ќе биде третиот тренер на Севиља оваа сезона, во текот на денешниот ден би требало и официјално да биде потврден.
Кике Санчез Флорез веќе е во Севиља каде треба да ги договори и последните детали пред да го потпише договорот. Тој доаѓа на местото од Диего Алонсо кој изминатиот викенд доби отказ.
Санчез Флорез ќе биде третиот тренер на Севиља оваа сезона. Сезоната ја почна Мендилибар, а потоа беше назначен Диего Алонсо кој имаше неславна авантура.