МАКЕДОНИЈА

„Пронајди ме“, во функција е страната за исчезнати лица

Веб-страницата „Najdime.com.mk“  за рано предупредување за исчезнати деца денеска беше промовиран од „Новинари за човекови права“ и со поддршка на Министерството за внатрешни работи е достапен и во нашата земја. Веб-страницата ќе функционира како систем за рано предупредување за исчезнати деца и ќе биде на три јазици – македонски, албански и ромски.

Advertisements

Според неа, откако ќе ги помине фазата на проверка на профилот, тој ќе се  сподели на дигиталните екрани на јавниот превоз, каналите за комуникација во такси-групите, во угостителските објекти и банкоматите. Според портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, целта на оваа соработка е заеднички да придонесеме за побезбедно општество.

Пред три недели од влезот на зградата во која живееше беше киднапирана малолетната Вања која по само неколку часа беше ладнокрвно убиена. За главниот осомничен Палевски се чека екстрадиција од Турција.  Во последните три години во Македонија биле пријавени за исчезнати 74 малолетници, од кои пронајдени биле 66. Потрагата е активна за 6 деца на возраст до 14 години.. Според МВР околностите под кои се исчезнати не укажуваат на можно киднапирање, согласно опративните информации на полциијата.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button