ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поддршката за интеграција во ЕУ е на најниско ниво

Ако некогаш поддршката за интеграцијата на земјата во ЕУ беше околу 80 отсто, сега оваа поддршка е сведена на 60 отсто, што е најниско ниво на поддршка досега. Податоците што ги објави  Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ покажуваат дека е зголемен и бројот на неопределени или 30 отсто, додека 12 отсто од испитаниците се отворено евроскептични.

Advertisements

Податоците од анализата говорат за зголемување на јазот во однос на поддршката за членство во ЕУ меѓу Албанците и Македонците. 57 отсто од Македонците го поддржуваат членството во ЕУ. Иако и кај Албанците има пад на поддршката, сепак 78 проценти го поддржуваат овој процес.

Најалармантен податок, е дека 90 отсто од младите се изјасниле дека членството во ЕУ нема да го спречи бранот млади луѓе кои се иселуваат од земјата.

Ова истражување го спроведе Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во соработка со „Конрад Аденауер“. Во оваа анкета, која беше спроведена во ноември годинава, опфатени се 1.000 лица над 18 години во шест избирачки единици.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button