ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Наутро магла, во текот на денот сончево

Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко, по котлините со појава на магла, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Оттаму додаваат и дека минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

„Во Скопје наутро со услови за магла, преку денот сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 7 степени“, велат од УХМР.

Во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок до среда продолжува стабилно и тивко време со магла по котлините. Во четврток и петок ќе има зголемена облачност, наместа со умерен ветер од западен правец.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button