МАКЕДОНИЈА

Фатиме Фетаи кандидатка за фотелјата на обвинителот Јовески

Тројца кандидати се пријавиле на огласот на Собранието за наследник на Љубомир Јовески на позицијата државен јавен обвинител. Интерес пројавиле Фатиме Фетаи од скопското Вишо обвинителство, Лидија Раичевиќ од Јавното обвинителство во Скопје, како и Љупчо Коцевски од републичкото обвинителство. Следува Владата да ги проследи кандидатите до Советот на јавни обвинители, по што оттаму за нив ќе очекува позитивно или негативно мислење. Откако ќе се помине и овој филтер, Владата до Собранието ќе предложи еден од кандидатите што добил позитивно мислење од Советот. Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата, со мандат од шест години и право на повторно именување. Инаку, на актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува на 25 декември годинава.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button