ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува злоупотребата на балансерот при вработување, сега во МРТВ

Во Македонската радио-телевизија бил распишан конкурс за прием на Албанец на работното место пожарникар во Одделот за противпожарна заштита. Иако имало голем интерес од кандидати Албанци, Комисијата за избор на вработувања формирана од директорот на Македонската радио-телевизија одлучила да го избере Даниел Каранфиловски. Добил решение и нето-плата од 30.061 денар. Се декларирал како Албанец, евентуално злоупотребувајќи го методот на балансирање со лажна изјава за етничката припадност. Иако според конкурсот кандидатите со лажни податоци биле дисквалификувани, било направено спротивното.

Advertisements

„Согласно годишниот план на институцијата за 2023 година, очекуваните вработени се 1 (еден) Албанец вршител. Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а изведените докази се верни на оригиналот. Кандидатот кој внел невистинити податоци во пријавата е дисквалификуван од понатамошна постапка според ова известување“, велат од МРТВ.

За некој да се вработи во јавна администрација, во Македонија не се доволни само образовни квалификации и работно искуство. Освен силна партиска поврзаност, која е нагласена и во извештаите на ЕК, многу е важна и етничката припадност. Затоа постои т.н. принцип на балансирање преку кој се одредува на која институција ѝ треба кадар од некоја етничка заедница за да постои правична застапеност. Даниел Каранфиловски се декларирал како Албанец за конкурсот на МРТВ. Одлуката била донесена вчера и стапила во сила со потпис на директорот Марјан Цветковски.

„Дотичниот кандидат ги има исполнето општите и посебните услови на работното место, со соодветна диплома и уверение за претходен курс за заштита од пожари (ППЗ). Сите кои се против оваа одлука имаат законски рок од 8 дена да поднесат соодветни претставки кои ќе бидат разгледани“, додаваат од МРТВ.

Злоупотреба на балансерот се случува со години речиси во сите државни институции кога се во прашање 20 отсто од местата резервирани за Албанци и други. Поради правен вакуум ниту во изводите од матичната книга на родени, ниту во личните документи етничката припадност не се наведува. На тој начин секој кој сака да конкурира за работно место распишано за кадар Албанец, оди на нотар и се декларира како таков.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button