
Само 43% од странските инвеститори кои веќе инвестирале во нашата земја би се одлучиле тоа повторно да го направат за првпат во С Македонија. Како најголема предност се истакнуваат ниските даноци и поволната бизнис клима. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето „Индикатор за бизнис инвестиции“ што го спроведе Советот на странски инвеститори.
Од фабриките 45% имаат зголемено производство во 2022 година, 36% го намалиле, а 19% останале на исто. Околу 37% не се задоволни од постојната инфраструктура, 50% се делумно задоволни, а само 10% се целосно задоволни.
Околу 90% од компаниите се соочиле со проблеми во изнаоѓање соодветен кадар, особено инженерски и технички персонал. Главен проблем е имиграцијата, недоволниот интерес за работа во индустријата и недоволното практично искуство. Инаку, 70 отсто од странските инвеститори се од автомобилската индустрија, потоа од прехранбената, земјоделството и фармацијата. Останатите 30% се во сферата на комерцијалните услуги, вклучувајќи телекомуникациски и ИТ компании, банки и аеродроми.
Аднан Ќаили