ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Странските санкции за корумпираните не се доволни ако не следат и домашни санкции“

Прочистување на судството, обвинителството и политиката, беше повикот на претседателот Стево Пендаровски во својот годишен говор пред пратениците, последен од овој мандат. Претседателот рече дека се остава впечаток оти САД и Европската унија се порешителни борци против корупцијата кај нас отколку самите државни институции. Според него, странските санкции за корумпираните не се доволни, доколку не следат и домашни санкции.

Advertisements

Претседателот рече дека крајот на 2023 година ни ја носи најголемата тага во последната деценија, бидејќи преку личната трагедија на малата Вања и нејзиното семејство можевме да ја видиме целата патологија на транзицијата, околината која, како што рече, сите ние ја создадовме во изминатите 32 години.

Пендаровски рече дека добрите меѓуетнички односи и прозападната ориентација се две работи кои треба да ги зачуваме и по изборите.

Пендаровски во својот говор се осврна и на иселувањето на граѓаните. Според него, сите етнички заедници се помалку во апсолутен број и оти ниту една етничка заедница не ја „загрозува“ другата, туку сите сме загрозени. Додаде дека итно е потребна демографска стратегија, поддржана и од власта и од опозицијата.

Претседателот зборуваше и за зачувувањето на идентитетот при преговорите со ЕУ, како и за важноста од членството во НАТО.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button