Алијанса соопшти кога ќе одлучи за настапот на изборите

Структурата и партиските органи на Алијанса за Албанците се поделени во три групи по прашањето како треба да се постапи на претстојните парламентарни избори. Претседателот Арбен Тарвари во интервју во „Клан“ призна дека има неколку позиции во раководството, но оти одлуката ќе биде донесена во наредните недели, односно после Нова Година. На средбата со Али Ахмети, за која партијата не била информирана, туку само некои соработници на Таравари, тој вели дека не се разговарало за можностите за соработка, туку биле анализирани анкетите.
„Има значаен дел кој мисли дека треба да одиме сами, а има и значителен дел кој смета дека Алијанса треба да се обиде да донесе промени и да оди со опозицијата. Ова ја зголемува веројатноста дека ќе дојде до промена“, рече Таравари.
Премиерот Димитар Ковачевски пак, за следните избори вели дека ќе има европски фронт, но без точно да ги прецизира партиите кои ќе учествуваат во него и начинот на дејствување при изборите, со заеднички или засебни листи.
Албанската опозиција неколку пати ја покани Алијанса за Албанците да ја напушти Владата и да му се приклучи на нивниот Европски сојуз за промени. Но, партијата на Таравари реши да остане дел од Владата и покрај, како што тогаш оценија од оваа партија, предавството од мнозинството за предложениот закон за амнестија. Не преземаа одговорност ниту поради тоа што не успеаја да предложат уставен амандман кој предвидува отстранување на дефиницијата од 20% за албанскиот јазик од Уставот.
Адриан Керими