ВМРО ќе учествува во Техничката влада

Христијан Мицкоски оценува дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада е важно и ќе им предложи на партиските органи да бидат дел од техничката извршна власт што треба да се формира на 100 дена пред изборите. Првиот човек на ВМРО вели дека тоа е негов личен став и оти одлуката ќе ја донесат партиските органи. За кадрите вели дека сè уште е рано да се зборува.
Премиерот Ковачевски пак, не откри кога ќе се сретне со својот политички противник за да разговараат за кадровски и принципиелни прашања на техничката Влада.
Во 100-дневниот формат на Владата, која има обврска да ја подготви земјата за парламентарни избори, двајца министри треба да добие најголемата парламентарна опозициска партија, во случајов тоа е ВМРО. Премиерот си дава оставка и на негово место доаѓа кандидатот предложен од партијата или коалицијата што го сочинуваат мнозинството. Во врска со договорот меѓу Али Ахмети и Зоран Заев од 2020 година, техничката влада ќе ја води премиер Албанец. За оваа функција ДУИ го предложи претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Адриан Керими