ВЕСТИСВЕТ

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори во таа држава

Името на поранешниот претседател Доналд Трамп не може да се појави на гласачкото ливче во сојузната држава Колорадо на претседателските избори следната година, одлучи највисокиот суд на државата. Причината за ваквата одлука е улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Advertisements

Одлуката се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март, но нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на 5 ноември.

Мнозинството од четири од седум судии, при носењето на одлуката се повикаа на ретко користената одредба од американскиот Устав со која се забранува службени лица кои учествувале во „бунт“ да извршуваат функции.

„Мнозинство од судот смета дека претседателот Трамп е дискфалификуван да држи функција претседател според делот три од 14-тиот амандман на Уставот на САД. Делот забранува функција за секој што се заколнал дека ќе го поддржува Уставот, а потоа ‘се вклучил во бунт против него’, и бил користен само неколку пати веднаш по Граѓанската војна. Затоа што Трамп е дискфалификуван, би било погрешен чин да се најде на списокот кандидати на претседателско првично гласачко ливче“, се вели во одлуката.

Трамп вети дека ќе ја обжали пресудата до Врховниот суд на САД, а судот во Колорадо најави дека ќе го одложи дејството на својата одлука најмалку до 4 јануари 2024 година, за да дозволи жалба. Доколку случајот биде однесен пред Врховниот суд на САД, паузата ќе остане во сила додека тој случај не се реши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button