ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами најави протести ако не добијат член во ДИК

Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами денеска најави дека се можни протести ако не се дозволи да има член од опозицискиот политички блок кај партиите на Албанците во Државната изборна комисија (ДИК). Касами потенцира дека тоа е предвидено во соодветниот Закон за избори.

Advertisements

„Се работи за едно законско право, тука нема можност за калкулации, самото барање на претседателот на собранието поставено до опозициските партии не до Алијанса за Албанците која претендираше дека треба да го добие тоа место, покажува дека законот е јасен. Но, и понатаму претседателот на Собранието се обидува да направи опструкции во овој дел со тоа што има пратено писмо и до партии кои не биле, не постоеле до последните парламентарни избори, а тоа го бара законот значи, партиите кои произлегуваат од последните парламентарни избори. Така, јасен е законот“, рече Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button