
Жена (63) почина на божиќен пазар во Белгија откако врз неа падна новогодишна елка висока околу 20 метри. Дрвото повредило уште две лица кои се здобиле со полесни повреди. Јавното обвинителство го истражува местото на несреќата и ги разгледува претходните извештаи за проблеми со стабилноста на дрвото. Противпожарната единица во моментов е во постапка на демонтирање на дрвото.
Извор: Телепорт