ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 Целзиусови степени.

Advertisements

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките места во регионот ќе паѓа повремен снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

Утре ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините со магла каде што дневните температури нема многу да се покачат во текот на денот. Од понеделник условите за магла ќе се зголемат, информираат од УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button