ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Седница на Совет на ЈО, ќе се избира в.д. републички јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи деведесет и третата седница, на чиј дневен ред е донесување одлука за определување на вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Мандатот на актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истекува на 25 декември, а постапката за избор на негов наследник е во тек, а вршителот на должност кој ќе се избере од редот на републичките обвинители, ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител.
На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.