ВЕСТИСВЕТ

САД велат дека се подготвени да гласаат за резолуцијата на СБ на ОН за Газа

По еднонеделни тензични дипломатски разговори, Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска треба да гласа за резолуцијата за интензивирање на хуманитарната помош за Газа откако САД изразија поддршка за најновиот нацрт-предлгог, пренесуваат светските медиуми.

Advertisements

Гласањето за резолуцијата беше одложувано четирипати, а по разговорите вчера доцна вечерта американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека САД и арапските држави се усогласиле околу изменета верзија на предлог-резолуцијата која Вашингтон може да ја поддржи, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, како што наведува британскиот национален сервис, амбасадорката не била јасна во ставот дали САД ќе гласаат „за“ или „воздржано“.

Американската амбасадорка ја даде изјавата по состанокот зад затворени врати на кој Советот за безбедност повторно го одложи гласањето за резолуцијата со која се бара прекин на борбите меѓу Израел и Хамас и зголемување на хуманитарната помош за Газа.

„Подготвени сме да гласаме. Тоа е резолуција што ќе донесе хуманитарна помош на оние на кои им е потребна. Тоа ќе го поддржи приоритетот што го има Египет дека ќе обезбедиме механизам на теренот што ќе ја поддржи хуманитарната помош и ние сме подготвени да продолжиме напред“, изјави Томас-Гринфилд, пренесува „Гардијан“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button