ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Соња Симовска е избрана за в.д. републички јавен обвинител

Обвинителката Соња Симовска ќе биде нова в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески. Таа на функцијата ќе ја извршува до регуларното именување на републички обвинител, процедура која оди преку Владата и Собранието.

Advertisements

Симовска во понеделник ќе ја презеде функцијата од досегашниот шеф на обвинителството Јовески, чиј шестгодишен мандат истекува во понеделник. Јовески кој по функција е член на Советот, не дојде на денешната седница на која се бираше негов в.д. наследник.

Симовска дојде како предлог на претседателката на Советот, Душица Димитриеска, а едногласно беше изгласана од сите членови. Таа работела како приправник во скопското обвинителство, а потоа и како обвинителка во ОЈО Скопје. Од 2009 до 2021 била виша обвинителка во Скопје, а од почетокот на 2022 е дел од републичкото обвинителство.

“Се работи за јавен обвинител кој има долгогодишно искуство, докажан како добар јавен обвинител и со оглед на искуството може успешно да ја извршува функцијата”, рече Димитриеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button