ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анализа – Дигитализацијата на универзитетите далеку од реалноста

Анализите на граѓанскиот сектор покажуваат лоша слика на дигитализацијата на државните универзитети во земјава. Од Здружението за зајакнување на младите бараат целосна дигитализација, додека едно од главните барања е да не се користи хартија.

Advertisements

Од Министерството за образование и наука и од Министерството за информатика и администрација велат дека причината зошто во овој момент не може да има целосна дигитализација се законските пречки.

„Интероперабилноста и со националниот портал ќе го реши проблемот, односно институциите ќе треба да ги соберат сите документи од сите институции. Кога одите да се пријавите како студент на институција за високо образование, не треба ништо да носите со себе, само треба да имате лична карта или како што веќе работиме, смарт ИД, ќе бидете идентификувани како граѓанин на нашата земја, а институцијата автоматски со еден клик ќе ги собере документите од различните институции и автоматски ќе бидете дел од универзитетот“, вели Азир Алиу министер на информатичко општество и администрација.

Резултатите од анализата на здружението го рангираат „Гоце Делчев“ во Штип на прво место на листата на најдигитализирани универзитети, придружуван од Универзитетот во Тетово. Додека меѓу најмалку дигитализираните универзитети се „Кирили и Методиј“ и „Климент Охридски“.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button