
Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, го испуштил клупскиот автобус и бил принуден да се врати во Неапол со такси, по поразот на „Олимпико“ од Рома со 2-0, пренесува „Ла Република“.
Стратегот мораше да одговара на непријатни прашања по уште една разочарувачка претстава оваа сезона.
Мацари долго време беше притиснaт да дава интервјуа по натпреварот во кои објаснуваше дека неговиот тим не заслужува да загуби. За тоа време клупскиот автобус заминал без него.
Според „Ла Република“, Мацари бил принуден да нарача такси и од Рим да замине за Неапол.