Продолжува пленарната расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Во Собранието денеска во рамки на 135. седница треба да продолжи расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година.
На првиот ден од расправата, што почна во петокот, министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека предложениот буџет ќе обезбеди одржлив економски раст, продолжување на фискалната консолидација и зацврстување на фискалната одржливост, таргетирана поддршка за ранливите категории граѓани и стопанството,… За пратениците од опозицијата, пак, буџетот е неприфатлив бидејќи, како што велат, е со највисок износ досега, базиран е на нереални проекции и е инфлаторен и предизборен.
-Во 2024 година економскиот раст во земјата се очекува да забрза и да изнесува 3,4 проценти, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка, најави Бесими.