ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Пукање во трговски центар во Колорадо – едно лице загина, три се ранети

Едно лице загина, а две други се тешко повредени во пукотница што вчера се случи во трговскиот центар „Цитадел“ во Колорадо Спрингс, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил околу 16 часот и 34 минути по локално време, а се наведува дека причината е конфликт меѓу две групи.

Advertisements

„Еден човек почина на местото на настанот, а двајца други се пренесени во болница во тешка состојба“, изјавил за Еј-би-си њуз службеник задолжен за односи со јавноста во Колорадо Спрингс.

Една жена е во стабилна состојба и не се здобила со прострелни рани, додал тој.

По инцидентот приведени се неколку лица, соопшти полицијата. Властите работат на утврдување дали осомничениот напаѓач е меѓу приведените.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button