ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Институт за судска медицина: Се оградуваме од сите неофицијални информации за обдукцијата на Ѓорчевска и Жежовски

Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации, а каде како извор ќе биде наведен Институтот, посочуваат од оваа институција по објавата на електронскиот медиумот „Скопје1. мк“, кој вчера објави информација за начинот на кој била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Advertisements

– Категорично тврдиме дека овој медиум не добил никаква изјава, ниту информација во усна или писмена форма од Институтот. Само изјава дадена од одговорното лице на Институтот, која е во вид на аудио или видеоснимка или во писмена форма, може да се смета за релевантна и точна и тогаш медиумите може да цитираат дека изворот на информацијата е од Институтот. Додека трае истрагата Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации, а каде како извор на информацијата стои Институтот за судска медицина, истакнуваат од Институтот.

Оттаму, напомнуваат дека Институтот за судска медицина продолжува со сите законски предвидени дејствија за овој предмет кој се и ќе бидат дел од доказниот материјал, а кој со јавноста ќе бидат споделени во оној дел во кој тоа го дозволува Законот за кривична постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button