СПОРТ

Ѓорческа напредуваше, пад за една позиција за Ивановски

Периодот на тениските календари е сиромашен, крајот на годината не нуди турнири и се чека стартот на новата сезона. Поради тоа, нема промени на врвот на листата.

Advertisements

Најдобариот тенисер од Македонија Калин Ивановски за разлика од минатата седмица падна една позиција и на 326. место ќе ја затвори календарската 2023. Тој остана на 159 бода, исто како и претходната седмица.

Најдобрата тенисерка од Македонија, Лина Ѓорческа иако пред крајот на годината не игра, сепак напредуваше на новата ВТА ранг-листа.  Тетовчанката ќе ја заврши 2023 година на 213 позиција, што е напредок од три места во однос на минатата седмица. Ѓорческа остана на 357 бода, но ривалките околу неа загубија позиции и таа профитираше. Пред најдобрата Македонка се квалификации за Австралија Опен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button