СПОРТФУДБАЛ

Велкоски заминува од Работнички, се сели во Македонија ЃП

Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски (35) го напушта Работнички. Тој спогодбено го раскина договорот со „романтичарите“ и во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Македонија ЃП.

Advertisements

Раководството на „лавовите“ се обидува да го реновира тимот за вториот дел од шампионатот откако есента беше лоша на резултатски план. Македонија ЃП досега се засили со Џонатан Балотели, Давид Родригез Лопез и Џонатас да Силва.

Претходно од клубот си заминаа Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски. Крсте Велкоски во три периоди го носеше дресот на Работнички (2006-2008, 2011-2013, 2022-2023), одигра вкупно 190 натпревари за „романтичарите“ и постигна вкупно 58 гола.

Тој има и завидна интернационална кариера, седум години беше член на Сараево, а играше и за Инчеон, Енозис, Чеахлул. За репрезентацијата на Македонија има 15 настапи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button