ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР и ЈО молчат за случајот „јавно гласање“ на Исмаил Јахоски од ДУИ во Пласница

И денес МВР нема одговор дали евентуално работи на кривична пријава против пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, за кршење на Изборниот и на Кривичниот законик. Јахоски, кој во неделата за време на гласањето за нов градоначалник на општина Пласница, го објави заокруженото гласачко ливче пред камера и евентуално ја наруши тајноста на гласањето, постапка за која може да добие најмалку 3 години затвор.

Advertisements

Два дена полицијата молчи за ваквото можно незаконско постапување на Јахоски, додека од Јавното обвинителство велат дека без кривична пријава од МВР, тие не би можеле да покренат обвинение.

Молчи и самиот Јахоски. Веќе два дена не сака да зборува за постапката. Во објавената видео-снимка од неделата се гледа како тој бара јавно да гласа, како што се чини, против неговиот брат, кој се кандидираше за градоначалник на Пласница, а потоа и победи. Иако веројатно некој од набљудувачите на процесот се слуша како му довикува да не го прави тоа, Јахоски сепак откако гласаше зад параванот, го покажа ливчето пред камера. Јавното гласање е спротивно на одредбите на Кривичниот законик. Членот 163 ја санкционира повредата на тајноста на гласањето со најмалку 3 години

„Тој што ја нарушува тајноста за време на изборот или гласањето, се казнува со најмалку 3 години затвор.“

И покрај објавените докази во јавноста, Државната изборна комисија досега не соопшти за никакви неправилности во Пласница. За повредата на процесот може да се дискутира во жалбената фаза.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button